Предлог-законот против пиратеријата на Интернет, кој Државната Дума планира да го донесе наскоро, ќе се однесува само на филмовите. Музичките дела нема да бидат вклучени во предлог-законот, соопшти Павел Кашениников, шеф на комитетот за граѓанско законодавство во Државната Дума.
Минатиот петок Државната Дума го донесе законот за борба со интернет-пиратеријата, со кој се одредуваат механизмите за забрана на интернет-страници на кои се наоѓаат филмови и, како што е напишано во првата формулација на законот - и на музичките дела.
„Очигледно е дека кругот на објекти кои подлежат под интелектуалното право нема повеќе да се шири. Предлог-законот ќе се однесува само на филмовите“, изјави Крашениников.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче