Москва ветува адекватен одговор за можните санкции од страна на САД

Стејт департментот во годишниот извештај за борба против трговијата со луѓе го намали рејтингот на Кина, Русија и Узбекистан.

„Москва смета дека САД нема да воведе санкции против Русија кои се предвидени со американскиот закон ’За заштита на жртвите од трговија со луѓе’“, изјави за РИА Новости Константин Долгов, ополномоштен при Министерството за надворешни работи на Русија

Стејт департментот во годишниот извештај за борба против трговијата со луѓе го намали рејтингот на Кина, Русија и Узбекистан на ниво на земји кои не ги задоволуваат минималните стандарди во таа сфера. Според постојниот закон, тие држави можат да бидат санкционирани - да им бидат укинати финансирањата за образовната и културна размена, како и да бидат ставени под знак прашалник сите идни финансирања од страна на ММФ и Светската банка. Санкциите би можеле да стапат на сила на 1 октомври 2013 година, доколку претседателот на САД не донесе одлука тие да не се воведат поради тоа што тие не одговараат на националните интереси на Соединетите Американски Држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.