Министерот за финансии на Русија: Девалвација нема да има

Минситерот за финансии на Русија ги уверува граѓаните дека нема потреба од паника поради евентуална девалвација на руската национална валута.

„Никаква девалвација нема да има“, изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов на новинарите во кулоарите на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Тој исто така не им советува на граѓаните да купуваат валута, „бидејќи нема да има никаква промена на курсот на рубљата“.

Министерот исто така ги коментираше зборовите на првиот вице-премиер, Игор Шувалов, кој се застапи за укинување на рамниот данок во Русија. Шефот на финансиите во Русија поасни дека вице-премиерот имал предвид во 2018 година повторно да се разгледа ова прашање. „Да се зборува сега за укинување на рамниот данок на приходи на физичките лица е рано, засега не е планирано менување на овој систем“, подвлече министерот за финансии на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња