Комбинат кој со децении го загадувал Бајкалот ќе биде затворен

На почетокот на оваа недела премиерот Дмитриј Медведев замина на еднодневна посета на Бајкалот, каде главна тема беше унапредувањето на заштитата на природната средина.

На почетокот на оваа недела премиерот Дмитриј Медведев замина на еднодневна посета на Бајкалот, каде главна тема беше унапредувањето на заштитата на природната средина. За екологијата на езерото најактуелен проблем и понатаму е комбинатот за производство на хартија кој работи уште од времето на СССР.

Локалните власти сакаат да го затворат овој комбинат за да можат да се посветат на развојот на туризмот, во кој многумина гледаат пречка поради работата на овој комбинат.

„Целосно се согласувам со вашиот предлог“, неочекувано изјави премиерот и додаде: „Владата ги усвои сите одлуки на оваа тема и ние ќе го извршиме затворањето. Тука нема враќање назад.“

Бајкалскиот комбинат за производство на хартија е само еден од бројните еколошки проблематични точки на картата на Русија. Министерството за природни ресурси издвои вкупно 77 најзагадени области со акумулирани еколошки проблеми кои Русија ги наследи од минатото и со кои интензивно се занимава овие две децении. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.