Андреј Белоусов: Главната причина за намалување на економскиот раст е намалената побарувачка

Министерот за економски раст на Русија даде коментар за намалениот раст на руската економија од почетокот на оваа година.

Министерот за економски развој на Русија, Андреј Белоусов, настапувајќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург изјави: „Во првото полугодие растот на БДП во Русија беше 4,5%. Од јануари до мај годинава - тој изнесува 1,8%. Тоа не е оценка, туку факт. Намалувањето на економскиот раст изнесува 2,5%“, забележа Белпусов.

Меѓутоа, на фонот на падот на растот на економијата, Русија има стабилен прилив на директни странски инвестиции во големина од 16-17 милијарди долари за првиот квартал, изјави Белоусов. „Нема никакво фатално влошување на инвестициската клима која би можела да предизвика посилен економски пад“, изјави Белоусов. „Досегашните инвестициски трендови се сведоци дека инвеститорите веруваат во Русија. Претпријатијата сметаа дека главната причина за намалениот економски раст е отсуството на побарувачка.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.