Во Санкт Петербург започна со работа 17-от меѓународен економски форум (МПЕФ-2013), кој ќе се одржи во комплексот „Ленекспо“. „Перспективите на глобалната економија - време на решителни дејства“ - е темата на годинешниот форум.
На 20 јуни во работата на форумот зеде учество и претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој се сретна со претставниците на т.н. „Деловна дваесетка“, во која влегуваат претставници на бизнисот и деловните заедници од државите на Г-20.
ПМЕФ ќе го посетат и германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот на Холандија, Марк Рјуте. Се очекува тие да одржат средба со Путин.
Форумот ќе трае до 22 јуни и ќе собере не помалку од 5.000 делегати од 71 држава во светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче