Свердловската област ја посети делегација од владата на Македонија

Делегацијата на чело со Зоран Ставрески во рамките на деловната посета во Русија ги посети и Санкт Петербург, Казањ и Новосибирск.

Екатеринбург го посети делегација од Македонија, предводена од заменикот претседател на Владата, Зоран Ставрески. На средбата се презентираше инвестицискиот потенцијал и се разговараше за можностите за двострана економска соработка.

Шефот на регионалниот кабинет на министри, Денис Паслер, ги информираше претставниците на делегацијата за економскиот потенцијал на регионот и за значајните проекти кои се реализираат, а исто така ја покани нашата делегација да учествува на изложбата „ИННОПРОМ-2013“.

Зоран Ставрески ги посоветува жителите на Екатеринбург да ја посетат Македонија и да посветат внимание на развојот на фармацевтската индустрија, земјоделството и туризмот. Исто така нашата делегација е заинтересирана за соработка во сферата на високото образование.

Делегацијата на чело со Зоран Ставрески во рамките на деловната посета во Русија ги посети и Санкт Петербург, Казањ и Новосибирск. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња