Парламентот на Киргистан бара затворање на американската база во таа земја

САД ќе изгуби уште една воена база од територијата на поранешниот СССР.

Парламентот на Киргистан во четвртокот со мнозинство гласови го одобри законот „За поништување на договорот за разместување на американски војници на меѓународниот аеродром Манас кај Бишкек, почнувајќи од јули 2014“. Овој закон го предложи Владата на Киргистан.

Законот ќе стапи во сила кога истиот ќе биде потпишан од киргистанскиот претседател.

Американската воздухопловна база, покасно преименувана во Центар за транзитен превоз, отворена е на аеродромот Манас во декември 2001 година. Базата е главен сообраќаен и логистички јазол за транспорт на стоки и војници во Авганистан. Властите на Киргистан сметаат дека договорот за оваа база треба да престане да важи од 2014 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња