Пратениците на Думата предлагаа бабата или дедото кои имаат четири или повеќе внуци да добиваат „бабин“ додаток. Планираниот износ на оваа помош би требало да изнесува 2.300 евра.
Ова за новинарите го соопшти претставникот на Државната Дума за семејни прашања, жена и деца, Елена Мизулина. Во тек е разгледување на документот, а неговото усвојување е планирано за крајот на оваа или почетокот на следната година. „Материјалната компензација ќе биде стимул за бабите и дедовците да се грижат за внуците, и на тој начин да им помогнат и на самите родители“, смета Елена Мизулина.
Сепак, многу експерти со сомнеж ја гледаат оваа инцијатива, напомнувајќи дека поради различни причини не сите баби и дедовци се подготвени да одржуваат контакт со своите внуци, како и дека тој контакт не е секогаш благотворен за децата. Освен тоа, експертите истакнуваат дека треба да развијат нематеријални начини на поддршка на семејствата, како што е подобрување на станбените услови, повеќе детски градинки, поликлиники и спортски секции кои ќе бидат еднакво достапни за децата од семејствата со различни финансиски позадини.
Да потсетиме дека од 2007 година во Русија успешно функционира програмата за „мајчински додаток“. Секоја жена за раѓање на второ и секое наредно дете добива вредносна хартија од околу 10.000 евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче