Новосибирската област и Македонија ќе ја развиваат соработката во сферата на економијата и туризмот

Министерот за финансии Зоран Ставрески ги претстави на руската страна можностите на Македонија во сферата на туризмот, економијата и реализацијата на инвестициските проекти.

Во Новосибирск се одржа средба на делегација од Македонија на чело со Зоран Ставреси и со губернаторот на областа, Василиј Јурченко. Како што забележа Ставрески, „ние не случајно дојдовме во вашиот регион - тоа е еден од регионите кој најдинамично се развива и има значаен научен и економски потенцијал. Ние не сме задоволни од постојното ниво на соработка и гледаме неколку области каде постојат добри перспективи за соработка: економијата, земјоделието и туризмот. Република Македонија го укина визниот режим за граѓаните на Русија, и тоа сметаме дека е чекор понапред за да ги зацврстиме нашите односи“.

Василиј Јурченко, од своја страна забележа дека Владата на регионот ќе се придржува на политиката на транспарентност и максимална интегрираност на регионот во светската економија.

Министерот за финансии Зоран Ставрески ги претстави на руската страна можностите на Македонија во сферата на туризмот, економијата и реализацијата на инвестициските проекти. Зборувајќи за значајноста на средбата, Ставрески забележа дека тоа е само првиот чекор, а следниот ќе биде средба меѓу претставниците на бизнис заедниците. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња