Американскиот претседател Барак Обама објави иницијатива за намалување на арсеналот на руското и американското стратешко офанзивно вооружување за една третина, како и намалување на тактичното вооружување во Европа.
Русија, од својата страна најверојатно нема да се согласи на намалување на своето тактичко нуклеарно вооружување без решавање на проблемот на противракетната одбрана, смета директорот на Институтот за САД и Канада во Руската академија на науки, Сергеј Рогов.
Тој на конференцијата за новинарите во РИА Новости објасни дека „САД и НАТО имаат извесна надмоќ, посебно во смисла на конвенционалното вооружување со голема прецизност“. Тој потсети и на тоа дека „Договорот за конвенционално вооружување престана да важи, а со него престанаа да важат и контролите поврзани со него“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче