Шефот на кабинетот на министри на Свердловската област, Денис Паслер, одржа преговори за развојот на економската соработка со заменикот на претседателот на Владата на Македонија, Зоран Ставрески. Ова го пренесува прес-службата на локалното министерство за меѓународни и надворешноекономски врски.
Треба да се забележи дека делегацијата на Македонија допатува во Екатеринбург за да го претстави инвестицискиот потенцијал и да разговара за можностите за билатералната економска соработка во различни области.
Денис Паслер забележа дека трговијата меѓу Македонија и Свердловската област изнесувала 2,5 милиони долари во минатата година, и напомна дека и Македонија и Свердловската област можат многукратно да ја зголемат таа сума, бидејќи потенцијалот за соработка е минимално искористен.
Паслер ја покани делегацијата од Македонија да земе учество на изложбата „Иннопром-2013“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче