Главниот економски самит на Русија и државите од ЗНД за прв пат се одржал во 1997 година, а во 1998 година тој започнал да се одржува секоја година.
Работата на „рускиот Давос“, како што неофицијално се нарекува ПМЕФ, се одржува во вид на пленарни заседанија, изложби, презентации, деловни средби и преговори во кои учествуваат шефови на држави, влади и парламенти од различни држави, како и претставници од финансиски институции, научници, индустријалци и општествени дејци. На ПМЕФ се разговара за економските прашања, се потпишуваат важни договори, се одржуваат телемостови, презентации на инвестициските можности на државите од ЗНД и Русија, а од 2004 година своите можности ги презентираат и европските држави.
На 10-от по ред ПМЕФ, кој се одржа од 13 до 15 јуни 2006 година, во работата на Форумот седоа учество неколку илјади луѓе од 46 држави. Тогаш биле потпишани договори во вредност од неколку милијарди долари. Тогаш била договорена и изградбата на првата фабрика на „Џенерал Моторс“, како и фабрика на „Нисан“.
Во 2007 година, на 11-от по ред ПМЕФ учествувале 8.900 луѓе, а биле склучени договори во вредност од 13,5 милијарди долари, а во 2008 година - договори во вредност од 14,6 милијарди долари.
Во следните години бројот на учесници, како и вредноста на потпишаните договори постојано расте. Во 2010 година 15 милијарди долари достигнува вредноста на потпишаните договори во рамките на ПМЕФ, учествуваат на Форумот претставници од 87 држави во светот и 700 компании.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче