Воздушно-десантната војска на Русија до крајот на годината ќе го тестира новото санитетско возило

Нова возило за потребите на воената медицина.

Тестовите на новото санитетско возило за Воздушно-десантната војска ќе бидат спроведени кон крајот на 2013 во базата на Улјановската гардиска бригада, соопшти на новинарите Ирина Круглова, претставник за ВДВ при Министерството за одбрана на Русија.

„Новото воено санитетско возило - БММ-Д е наменето за ВДВ и е веќе подготвено за употреба. Возилото може да обезбеди на својот екипаж мобилност на военото поле и совладување на водените препреки, и што е најважно - возилото е прилагодено за падобрански десант заедно со екипажот. Државните тестови на новиот производ ќе завршат до крајот на оваа година“, изјави Ирина Круглова. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња