Русија до крајот на годината ќе го врати долгот на СССР кон Србија и Црна Гора

До крајот на годината треба да бидат исплатен долгот кон Финска, Чешка и Црна Гора.

Русија како меѓународно признат наследник на СССР, до крајот на годината ќе ги исплати долговите на СССР кон Финска, Чешка и Црна Гора. Долговите кон Словачка и Србија веќе се исплатени. Ова стои во официјалниот извештај  на Министерството за финансии на Русија.

Министерството за финансии синоќа ги објави податоците дека на 15 мај е завршена исплатата на долговите на Русија врз основа на преземените обврски од поранешниот СССР кон Словачка, а на 24 мај - кон Србија.

Надворешниот државен долг на Русија кон Словачка изнесуваше 1,7 милијарди долари, а кон Србија - 288,8 милиони долари.

До крајот на годината треба да бидат исплатен долгот кон Финска, Чешка и Црна Гора. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња