Путин ќе се состане со раководството на Холандија и Кина на Петербуршкиот меѓународен економски форум 2013

Програмата на форумот ќе содржи теми на разговор поврзани со економскиот раст, Русија во глобалната економија и катализаторите на промени.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе има средба со премиерот на Холандија, Марко Рјуте и првите заменик на премиерот на Кина, Чан Гаоли во рамките на Петербуршкиот меѓународен економски форум.

Исто така, се соопштува дека Путин ќе земе учество во работата на форумот од 20 до 22 јуни, колку што е предвидено да трае Форумот во Санкт Петербург.

Програмата на форумот ќе содржи теми на разговор поврзани со економскиот раст, Русија во глобалната економија и катализаторите на промени.

Премиерот на Холандија е поканет на ПМЕФ како специјален гост.

Со заменикот на премиерот на Кина, Путин ќе разговара за енергетската соработка, трговијата меѓу двете земји и инвестициските трендови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња