Откриена е мрежа на фиктивни претпријатија кои изнеле од Русија околу 18 милијарди евра

Сопствениците на големи фиктивни претпријатија во периодот од 2010 до 2012 година незаконски од Русија изнеле околу 18 милијарди евра.

Сопствениците на големи фиктивни претпријатија во периодот од 2010 до 2012 година незаконски од Русија изнеле околу 18 милијарди евра. Ова се кажува во говорот на директорот на Централната банка на Русија, Сергеј Игњатев пред Думата. Директниот пренос на неговиот говор можеше да се гледа на интернет-страницата на парламентот.

Според зборовите на Игњатев, во Централната банка на Русија од Министерството за внатрешни работи пристигнало барање за проверка на дејноста на некои претпријатија. Централната банка за време на проверките открила дека организациите кои ги нашле се „само дел од голема мрежа на околу 1.173 фиктивни претпријатија“.

Игњатев објасни дека соработниците на Централната банка за време на проверката истражувале директни и посредни врски на самите организации. Како што истакна директорот на Централната  банка на Русија, претпријатијата припаѓале на особи чии имиња се појавуваат „во една веќе покрената кривична постапка“. Игњатев не прецизираше за ваква кривична постапка станува збор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.