Обама ја повикува Русија да го намали за третина нуклеарниот арсенал

Претседателот на САД, Барака Обама ја повика Русија на преговори за намалување на нуклеарниот арсенал на земјата за една третина.

Претседателот на САД, Барака Обама ја повика Русија на преговори за намалување на нуклеарниот арсенал на земјата за една третина, пренесува CNN. Обама исто така се застапува за намалување на американското и руското тактично вооружување во Европа. Својата позиција Обама ја соопшти во Берлин.

Во исто време, како што пренесува РИА Новости, вице-премиерот на Русија, претседател на Воено-индустриската комисија при владата на Русија, Дмитриј Рогозин, изјави дека не треба сериозно да се сфаќаат изјавите на САД за намалување на стратешкиот нуклеарен потенцијал. „Како може сериозно да ги сфатиме зборовите за намалување на стратешките нуклеарни потенцијали, кога САД го зголемува бројот на нивните нуклеарни ракети?“, изјави Рогозин за новинарите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња