Нетребко и Хворостовски ќе имаат настап на Црвениот плоштад

Светските оперски ѕвезди - Ана Нетребко и Дмитриј Хворостовски ќе одржат концерт со Државниот оркестар „Светланов“ под палката на Константин Орбелјан на Црвениот плоштад во среда.

Светските оперски ѕвезди - Ана Нетребко и Дмитриј Хворостовски ќе одржат концерт со Државниот оркестар „Светланов“ под палката на Константин Орбелјан на Црвениот плоштад во среда. Тие ќе исполнат фрагменти од оперите на Верди, Пучини и Чајковски.

Ана Нетребко изјави дека со големо нетрпение го очекува овој концерт. „Во Русија јас регуларно настапувам, и за мене тоа секогаш е голем празник. Секако, посебна среќа и задоволство е да се пее на една сцена со Дмитриј Хворостовски“, изјави оперската пејачка.

Организаторите на концертот подвлекуваат дека на Црвениот плоштад не ќе може било кој да дојде, но оние кои ќе сакаат да го проследат овој настап, истото ќе можат да го направат на телевизискиот канал „Русија 1“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња