„Младинската дваесетка“ со иницијатива за создавање на меѓународен даночен режим за борба со „офшорите“

Даночното законодавство и борбата со офшорите можат да станат клучни теми на самитот Г-20 кој ќе се одржи во септември 2013 година во Санкт Петербург.

Воведувањето даноци за офшорните операции бара создавање на меѓународен даночен режим, изјави Ксенија Јудаева, одговорна во експертската управа на претседателот на Русија за време на средбата на „Младинската дваесетка“, која се одржува во исто време како и Петербуршкиот меѓународен економски форум од 20 до 22 јуни.

Ако специјалниот даночен режим го воведе само една држава, тогаш другите држави ќе имаат предност, па тогаш можат да секнат сите финансиски приливи во таа држава, објасни Јудаева. Поради ова, треба да биде создаден меѓународен режим за оданочување на операциите за изнесување на капитал во офшорните јурисдикции.

Претходно лидерите на „Младинската дваесетка“ ги претставија своите предлози за Г-20, каде предложија, меѓу другото, во рамките на реформирање на меѓународниот финансиски систем да се воведе налог на операции за изнесување на капитал во „офшорните земји“.

Даночното законодавство и борбата со офшорите можат да станат клучни теми на самитот Г-20 кој ќе се одржи во септември 2013 година во Санкт Петербург. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња