Министерството за одбрана на Русија ќе отвори центар за изучување на рускиот јазик во Мјанмар

Создавањето на Центарот за изучување на рускиот јазик е договорено со меѓувладиниот договор, склучен во текот на посетата на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу во Мјанмар коja се одржа оваа пролет.

Русија оваа есен во Мјанмар ќе отвори центар за изучување на рускиот јазик. Овој центар е наменет за војниците кои ќе треба да го усвојат образовниот стандард за „Руски јазик како странски“ - РКИ-1, како и да ги научат основните воени термини, како и имињата на војничките званија, предметите од униформите, начинот на комуникација со командниот состав и т.н. Според Министерството за одбрана, овој Центар ќе помогне да се засилат позициите на Русија во Југоисточна Азија.

Според претставници од Министерството, програмата за изучување на рускиот јазик во Мјанмар е предвидена за 900 часови. Со тој број часови, според стандардот за РКИ-1, слушателите на курсот треба да научат да разговараат на руски со брзина од 120-150 слогови во минута, да запаметат минимум 780 зборови и да умеат да напиша текст до 200 зборови. Освен тоа, странецот ќе умее „слободно да комуницира на едноставни теми“, „да поставува едноставни прашања“, „да изразува желби и молби“, како и „однос кон лице, предмет или факт“.

Мјанмар троши за обука на своите воени офицери по неколку стотици илјади долари годишно во Русија. Ако се учи рускиот јазик на својата територија, тогаш трошоците на оваа држава многукратно ќе се намалат.

Создавањето на Центарот за изучување на рускиот јазик е договорено со меѓувладиниот договор, склучен во текот на посетата на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу во Мјанмар коja се одржа оваа пролет.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.