Претседателот
на комитетот за меѓународни работи во Думата, Алексеј Пушков, ги оцени
резултатите од учеството на Русија на самитот Г-8 за позитивни, бидејќи Руската
Федерација успеа да ги одбрани своите ставови , вклучувајќи ги и ставовите
околу прашањето за Сирија.
„Русија успеа да ги одбрани своите ставови на Г-8 и да не подлегне на
неправедни притисоци. Тоа се рефлектираше на финалните документи од самитот.
Затоа учеството на Путин на Г-8 може да се смета за целосно успешно. Овие
денови на самитот на Г-8, Русија се бореше Сирија да не се претвори во втор
Ирак или втора Либија“, изјави Пушков во говорот кој го одржа во средата во
Државната Дума.
„Сите овие денови западните медиуми брбореа за изолацијата на Русија. Русија не е во изолација. Дури ни околу прашањето околу Сирија. Светот не се сведува на САД и нивните сојузници соберени во Г-8. Дури ни тоа што сме осамени во своите ставови на овој или друг форум не значи дека не сме во право. Во февруари 2007 Путин настапи на Минхенската конференција. Зборуваше за тоа каде оди светскиот поредок заснован на хегемонијата на САД и нивните сојузници. Тогаш многу западни лидери и западни медиуми го критикуваа Путин. Зар погреши тогаш?“, изјави Пушков.
После 2007 следеше нападот на Грузија врз Јужна Осетија и операцијата на НАТО против Либија. Политиката на САД и нивните сојузници во Ирак, Авганистан и Пакистан доживеа целосен крах. „Резултатите на политиката на САД и нивните сојузници се катастрофални“, нагласи Пушков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче