Владимир Медински: Учебникот за историјата на Русија треба да завршува заклучно со 2000 година

Владимир Медински додаде дека „треба да се создадат одделни наставни помагала со кои ќе се разгледа воената историја на Русија и историјата на руската култура“.

Учебникот по историја на Русија треба да завршува со периодот до 2000 година. Такво е мислењето на министерот за култура на Русија, како и претседател на Руската воено-историска заедница, Владимир Медински на заседанието на работната група која дискутира за проектот околу историско-културниот стандард и создавање концепција за унифицирани учебници по историја.

„Точката треба да се стави на 2000 година – до самото стапување на должност на претседателот на Русија, Владимир Путин“, изјави Медински. Според неговите зборови „тоа ќе тргне многу прашања поврзани со персоналиите“. Министерот забележа дека „во царска Русија царот кој во моментот бил на тронот никогаш не се наоѓал во учебниците по историја“.

Владимир Медински додаде дека „треба да се создадат одделни наставни помагала со кои ќе се разгледа воената историја на Русија и историјата на руската култура“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.