Владата на Русија може да искористи уште еден начин да го стимулира економскиот раст на земјата, а тоа е слабеење на рубљата. Оваа можност засега се разгледува во руската влада, изјави за агенцијата Bloomberg рускиот министер за финансии, Антон Силуанов, истакнувајќи: „Мало ослабување на курсот може позитивно да влијае на федералниот буџет и на економијата“.
Економскиот раст во Русија почна да забавува во средината на 2012 и во првиот квартал на оваа година, кога се регистрирани само 1,6% раст, потврди Федералната служба за државна статистика „Росстат“. Тој раст е три пати помал отколку пред една година. Од крајот на 2012 година владата разгледува мерки за стимулирање на економијата, а оваа година кон давањето совети се приклучи и претседателот Владимир Путин. Меѓутоа, одлуката за какви мерки ќе бидат преземени не е донесена.
Доколку биде направена девалвација, истата ќе се движи во рамките од само неколку проценти - од 3 до 6%, со што курсот на рубљата кон доларот ќе ослаби за 1-2 рубљи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче