Русија ја „исклучија“ од Г-8

Владимир Путин го коментираше „исклучувањето“ Русија од Г-8.

Пред почетокот на самитот на Г-8 во градот Лох-Ерн во Северна Ирска, канадскиот премиер Стивен Харпер ја „исклучи“ Русија од Г-8. „Ајде да бидеме на чисто. Ова е самит на „Големата седумка плус еден“, изјави тој за новинарите во Даблин. Канадските и американските медиуми го оценија тоа како дел од големите разлики на гледните точки околу Сирија. Некои тоа го видоа како обид да се потпише коминике со решение околу Сирија без Путин.

На прес-коференцијата после завршувањето на самитот Путин вака ги коментираше заклучоците: „Ние слушнавме изјави на некои политичари на самитот, ги читавме локалните медиуми и се создаде чувство дека тие сакаат да разговараат во формат „еден против седум“, или „седум плус еден“, но никако како „осумка“. На крај – ние се чувствуваме околу сириското прашање запоставени.“

Исказите на канадскиот лидер исто така ги прокоментира заменикот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, „Сметам дека треба да ја прашаме Канада зошто даваат такви коментари“, рече тој. „Степенот на совпаѓање на позициите околу Сирија се такви, што не може да станува збор за никаков формат седум плус еден. Целата атмосфера не оди во полза на конструктивноста и изнаоѓањето решение. Тоа е жива политичка атмосфера, луѓето кажуваат нешта за кои потоа жалат“, додаде заменикот министер.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња