МНР на Русија: „Не се возбудуваме многу поради прислушувањето на телефонот на самитот на Г-20“

Руската делегација на самитот Г-8 во Велика Британија не се возбудува премногу поради скандалот со прислушувањето на телефоните на претставник на Русија.

„Руската делегација на самитот Г-8 во Велика Британија не се возбудува премногу поради скандалот со прислушувањето на телефоните на претставник на Русија на самитот Г-20 кој е одржан во 2009“, изјави заменикот на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

„Во животот има многу ситуации на кои треба внимателно да им се пристапи. Затоа не можам да кажам дека посебно се возбудуваме поради ова, иако се поставуваат прашања како тие активности се однесуваат на човековите права и како се вклопуваат важните аспекти на заштита на личните податоци, но што се однесува до организирањето на работата на делегациите на тоа ниво, мислам дека имаме доволно можности да се заштитиме од непожелен одлив на информации“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња