Министерството за одбрана на Русија планира да ги изненади гостите на рок фестивал со воена техника

Министерството за одбрана на гостите на најголемиот руски рок фестивал „Нашествие“ ќе им ги прикаже најинтересните примероци од современото вооружување и техника, се наведува во соопштението за јавноста од Министерството за одбрана на Русија.

Во склад со одлуката на министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, од 5 до 8 јули 2013 година во рамките на најголемиот фестивал „Нашествие“ ќе биде организирана воено-патриотска кампања “Заедно сме сила!“.

„Со цел патриотски да ги воспитаме младите, промовирањето на традициите на воената одбрана на татковината, а со тоа и подигнувањето на свеста на нејзините граѓани за улогата и активностите на Вооружените сили на Русија - во рамките на фестивалот „Нашествие“ Министерството за одбрана ќе има посебна тематска зона каде посетителите на фестивалот ќе можат да погледнат примероци од најновото вооружување и воена опрема во составот на руската армија“, се наведува во соопштението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња