Германскиот претседател предлага Русија да се покае за својата советска историја

Претседателот на Германија, Јоахим Гаук неодамна на состанок со личности од општествениот живот на Русија изјави дека оваа земја треба да постапи онака како што постапи Германија после втората светска војна кога се извини за нацизмот, однодно Русија треба да се извини за својата советска историја.

Претседателот на Германија, Јоахим Гаук неодамна на состанок со личности од општествениот живот на Русија изјави дека оваа земја треба да постапи онака како што постапи Германија после втората светска војна кога се извини за нацизмот, односно Русија треба да се извини за својата советска историја. „Колективната свест не се создава само од големи победи и голем број ранети, туку и со чувството на вина“, изјави германскиот претседател.

Претседателот на Думата на Русија, Сергеј Наришкин вчера ја прокоментира таа изјава на германскиот претседател, изјавувајќи дека Русија не треба да се кае поради својата историја, без разлика на тоа што политиката на Советскиот Сојуз и не била секогаш идеална, како што политиката на било која држава не може да биде идеална. СССР никогаш не ги делел нациите на класи и не помислувал на уништување на цели народи.

Наришкин го советуваше германскиот претседател малку подобро да ја проучи историјата на Русија за да може подобро да ја разбере нејзината современа историја, и нагласи дека победата во Граѓанската и во Втората светска војна, во која главната улога ја одигра Советскиот Сојуз, стана основа за ревизија на улогата на нацизмот во историјата. „Затоа сите ние мора со почит да го чуваме споменот на оние кои ја извојуваа таа победа. Нашата земја таа победа скапо ја плати“, изјави Наришкин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.