Деновиве нуклеарната подморница „Северодвинск“, првенец од проектот 885 (шифра „Јасен“) ги продолжи испитувањата во Белото море. Првото пробно пловење оваа подморница го имаше есента во 2011, а потоа испитувањата продолжија во 2012.
Сега оваа повеќенаменска нуклеарна подморница од четвртата генерација ја очекува државен „морски“ испит со употреба на вооружување, после што официјално ќе биде предадена во Руската воена морнарица.
„Северодвинск“ е двокорпусна нуклеарна подморница со намалено ниво на акустичко поле. За прв пат во праксата на руското бродоградење апаратите торпедните апарати не се наоѓаат во носот на подморницата, туку зад централниот дел, со што се овозможува поставување во предниот дел на поголем сонар.
Во Русија денес не постои ништо слично на „Северодвинск“. Оваа подморница има вонредно моќен арсенал, кој вклучува суперсонични крстаречки ракети (осум вертикални лансери), универзални самонаведувачки торпеда и мини. Подморницата е опремена со најновите системи за комуникација и навигација и целосно нов систем за пропулзија.
Фабриката „Севмаш“ до 2020 година ќе произведе уште 6 вакви нуклеарни подморници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче