Telegraph: Русија и САД закаснаа со спасувањето на Сирија

The Guardian смета дека дипломатски прогрес околу решавањето на сирискиот конфликт на Г-8 е малку веројатен.

„Водечките светски држави закаснаа со спасувањето на Сирија, и конфликтот во таа држава веќе не може да се реши“, пишува градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон во колумна за The Daily Telegraph. Според мислењето на политичарот, вооружувањето на бунтовниците би било вистинско безумие, бидејќи тоа што се случува во Сирија би се претворило во жестока религиозна војна. Дојде време за целосно прекинување на огнот, за завршување на тоа безумие“, смета Џонсон.

Тој додава дека дошло време за САД, Русија, ЕУ, Турција, Иран и Саудиска Арабија да спроведат меѓувладина конференција за да се обидат да го прекина колежот во Сирија. Лондонскиот градоначалник смета дека користењето на Сирија како арена за заработување на геополитички поени или за демонстрација на својата сила – е крајно погрешен чекор. „Ние нема да видиме прекин на огнот ако даваме оружје во рацете на манијаци“, смета Џонсон.

The Guardian смета дека дипломатски прогрес околу решавањето на сирискиот конфликт на Г-8 е малку веројатен. До тој заклучок дојде списанието после настапот на Владимир Путин, кој изјави дека сириските бунтовници „јадат човечки органи“. Списанието смета дека тоа сведочи за „бездната“ која е создадена меѓу Русија и Западот околу клучните решенија за Сирија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња