Русија и САД потпишаа договор за испорака на Ми хеликоптери во Авганистан

Русија и САД во Париз потпишаа договор за испорака на руски хеликоптери „Ми“ за авганистанската армија.

Русија и САД во Париз потпишаа договор за испорака на руски хеликоптери „Ми“ за авганистанската армија.

Како што се соопштува на интернет-страницата на Федералната служба за воено-техничка соработка, документот е потпишан од претставниците на ОАО „Рособоронекспорт“ и военото министерство во САД.

„Руската Федерација врши последователна политика во областа на обезбедување на меѓународната безбедност и е подготвена за било каква форма на соработка во оваа сфера“, се кажува во соопштението.

Во мај 2011 година „Рособоронекспорт“ и Министерството за одбрана на САД склучија договор за испорака на 21 транспортно-воен хеликоптер Ми-17В5 во Авганистан за сума од 367,5 долари. Целосната вредност на договорот вклучува испорака на резервни делови и сервисирање на хеликоптерите, и истиот чини 900 милиони долари. Американските конгресмени повеќепати бараа од Пентагон да се откаже од извршување на овој договор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња