Русија има долги, но не секогаш среќни соработки со парискиот авиосалон во Ле Бурже, пишува The New York Times. Како што пишува весникот, советските и руските авиони земале учество во Ле Бурже уште од 1957 година, но неколку пати нивните авиони трпеле и несреќи. Сепак, овој пат Русија ги враќа своите позиции, се кажува во статијата.
Во салонот ќе учествуваат 46 руски компании, и главното внимание ќе биде посветено на ловецот Су-35 и хеликоптерот Ка-52, забележува изданието.
Од своја страна, пак, The Financial Times пишува дека во Ле Бурже руските воени авиони ќе се сретнат со своите „природни“ опоненти – американските Ф-15, Ф-16 и Ф-18.
Според мислењето на авторот на статијата, после „студената војна“ Русија и САД бараат начини да демонстрираат дека техниката од секоја земја има свои предности. Така, на пример, се смета дека американските воени авиони имаат подобри радари, ракети и електронска опрема, додека руските конкуренти имаат подобро вооружување и пилотажни карактеристики.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче