Над небото на Русија се појави чудна светлина

На небото над европскиот дел на Русија во ноќта меѓу саботата и неделата се појави чудна светлина. Станува збор сребрени облаци.

На небото над европскиот дел на Русија во ноќта меѓу саботата и неделата се појави чудна светлина. Станува збор сребрени облаци.

„Вакви атмосферски појави се случуваат на границата на вселената, на висина од околу 80 километри. Сонцето го осветлува под хоризонтот додека на небото се гледаат ѕвезди“, објаснува Станислав Коротки, раководител на научните проекти во опсерваторијата „Ка-Дар“.

Претходно се мислеше дека ваквите сребренести облаци се знак дека наскоро ќе се промени времето, а некои веруваат дека станува збор за НЛО. Прв пат тие научно се опишани во јуни 1885 година, кога астрономите вршеле ноќни испитувања во неколку европски земји, меѓу кои и во Русија. Според мислењето на еден од научниците во тој период, појавата на тие сребрени облаци била условена од ерупцијата на вулканот Кракатау во 1883 година. Сребрени облаци се забележани и во летото во 1908 година, веднаш откако во тајга падна Тунгускиот метеорит. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња