„Велосипедизацијата“ на главниот град, која градските власти активно ја спроведуваат, не ги заобиколи ни московските полицајци. На почетокот на јуни на југо-западот на Москва започна со работа една специјална велосипедска единица. Засега соработниците на полицијата во целосна униформа на велосипеди заминуваат на дежурство во Бицевскиот парк. Во догледно време велосипедски патроли ќе се појават и во останатите московски паркови, а исто така ќе се надгледуваат тие делови кои не може да се патролираат со автомобили.
„Полицајците на велосипеди се поподвижни, побрзо доаѓаат на местото каде се повикани“, изјави шефот на полицискиот оддел за чување на јавниот ред и мир.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче