„Позицијата на руското Министерство за надворешни работи околу прашањето за воспоставување на зона за забранети летови е доста јасна и принципиелна“, изјави официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи, Александар Лукашевич и додаде: „Сите тие егзибиции со зоните за забранети летови и разни хуманитарни коридори се директна последица на непочитувањето на меѓународното право. Од примерот со Либија видовме како се воспоставија таквите зони и како се спроведуваат таквите одлуки. Не сакаме истото да се повтори и во сирискиот конфликт. Принципиелно сме против и нема да дозволиме развој на такво сценарио.“
Според зборовите на овој дипломат, „испораката на системи кои моментално ја вршат нашите американски колеги на територијата на Јордан исто така претставува директно кршење на меѓународното право“. „Тоа е наш став, и ние нему ќе му останеме верни“, нагласи Лукашевич.
Лукашевич додаде дека и испораката на вооружување за сириската опозиција претставува опасна тенденција која може да создаде услови за ескалација на насилството.
„Невозможно е да се дојде до решение на проблемот ако се игра двојна игра - од една страна се поттикнува опозицијата, а од друга - јавно се зборува дека преку воено решение не може да се постигне ништо“, нагласи дипломатот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче