Германска компанија ѝ ветува на Украина целосна независност од Гаспром

Германската компанија „RWE Supply & Trading“, која преку заобиколен пат низ Полска и Унгарија веќе испорачува руски гас во Украина, потврди дека планира наскоро да започне со испорака и низ Словачка.

Германската компанија „RWE Supply & Trading“, која преку заобиколен пат низ Полска и Унгарија веќе испорачува руски гас во Украина, потврди дека планира наскоро да започне со испорака и низ Словачка.

„Од ноември 2012 година испорачуваме гас во Украина преку Полска. Планираме да продолжиме и понатаму со овие испораки. Имаме договори со украинските партнери кои сакаме да ги продолжиме. Исто така ќе започнеме со испораки преку Словачка, што ќе биде трет и најзначаен коридор за испорака“, изјави извршниот директор на германската компанија, Стефан Јудиш.

Како што пренесува информативната агенција „Регнум“, во украинските медиуми нешто порано се појави информацијата дека преговорите околу намалувањето на цената на рускиот гас меѓу Гаспром и германската компанија "RWE" се прекинати. Како една од причините се наведува одбивањето на европската компанија да ја прекине испораката на руски гас во Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња