Американските трајни служби ги прислушувале телефонските разговори на Дмитриј Медведев. Поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, кој сега ги разоткрива тајните на разузнавачките служби во САД, наводно доставил документи кои го докажуваат тврдењето на британскиот весник „Гардијан“.
Во овие документи се наведува дека за време на одржувањето на самитот на Г-20 во Лондон во 2009, Агенцијата за национална безбедност ги прислушувала телефонските разговори и ја читала електронската пошта на политичарите, посебно на оние од Русија, ЈАР и Турција.
Како што пренесува „Гардијан“, следењето на Дмитриј Медведев во 2009 е направено од интернет-кафе преку паметни телефони Blackberry кои биле поделени на учесниците.
Не е потврдено дека Медведев користел таков телефон, но е познато дека денешниот премиер е голем љубител на странски технички иновации.
Интересно е тоа дека оваа информација се појави непосредно пред состанокот на Владимир Путин и Барак Обама за време на самитот на Г-8 во Ирска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче