„АвтоВАЗ“ започна со тестовите на новата Лада Калина

Во 2014 година претпријатието планира да произведе 70.000 нови автомобили.

„АвтоВАЗ“ пристапи кон испорака на првите тест-автомобили на новата Лада Калина, предвидени за дилерите кои ги продаваат истите. Ова е кажано на прес-конференцијата на концернот.

Продажбите на автомобилот ќе започнат после завршувањето на фабричката процедура за одобрување на реализацијата. Во моментов новата Лада Калина поминува низ секојдневниот тест AVES, т.е. оценка од потрошувачите. Продажбите на автомобилот ќе започнат не порано од 20 јули.

Први во сериското производство ќе се најдат верзиите хечбек со механичка кутија за пренос, чија цена се очекува да биде околу 10.000 евра. Истиот автомобил, но со автоматски менувач – ќе чини некаде околу 11.500 евра.

Во 2014 година претпријатието планира да произведе 70.000 нови автомобили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.