Русија и Италија се согласни дека меѓународната заедница мора да избегне акции кои би можеле да ги охрабрат страните во сириската граѓанска војна да продолжат со вооружена борба, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров после разговорот со колешката од Италија, Ема Бонино.
За време на конференцијата за новинарите, Лавров исто така изјави дека материјалите од САД, Британија и Франција, врз основа на кои се донесени заклучоци за употреба на хемиско оружје од страна на Дамаск, не се доволни докази според критериумите на меѓународната Организација за забрана на хемиското оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче