Русија и оваа година успеа да ја задржи својата позиција на светскиот пазар на жито

Русија ќе остане еден од најголемите светски извозници на жито.

„Не постојат причини ни податоци кои можат да влијаат на промената на прогнозата во врска со приносот на жито годинава. Во нашата земја се очекуваат поволни агрометеоролошки услови, подобри отколку било кога во последниве пет години. Во согласност со тоа, ние очекуваме најмалку 95 милиони тони жито. Посебно очекуваме високи приноси од пченицата. Исто така, не гледаме пречки ни за реализација на било кои извозни договори. Доколку прогнозите се остварат, ние и понатаму ќе бидеме важни учесници на светскиот пазар на жито“, извести министерот за земјоделство на Русија, Николај Фјодоров.

Фјодоров истакна дека властите ќе продолжат со поддршката на земјоделството. „Ние ја зголемуваме прераспределбата на државните средства за поддршка на житариците и останатите култури за потребите во Русија. Преземаме и нови мерки за да го зајакнеме системот на независност на нашите потрошувачи“, нагласи Фјодоров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња