Младите од Чеченија ги врбуваат за војна во Сирија

Рамзан Кадиров е сигурен дека странските разузнавачки служби се обидуваат да регрутираат млади луѓе од Чеченија за учество во војната во Сирија.

Претседателот на Чеченската република во составот на Русија, Рамзан Кадиров, е сигурен дека странските разузнавачки служби се обидуваат да регрутираат млади луѓе од Чеченија за учество во војната во Сирија на страната на сириската опозиција.

„Не е тајна дека т.н. опозиција во Сирија е предводена од страна на странските разузнавачки служби. Секако, младите луѓе кои доаѓаат во Сирија од Русија се мамец за нив“, изјави Кадиров во интервју за руските новинари.

Според мислењето на Кадиров, во Сирија нема никаква „света војна“, туку тоа е добро испланирана акција од страна на странските сили за уништување на режимот на Асад, рушење на државата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.