„Докази за тоа дека армијата на претседателот на Сирија, Башар Асад користи невен гас не одговараат на стандардите на Организацијата за забрана на хемиско оружје“, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на изјавата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
Според зборовите на Лавров, примероците крв, урина, земјиште и облека, врз основа на кои САД дојдоа до заклучок дека во Сирија се применува хемиско оружје - не се земени од експертите на Организацијата за забрана на хемиското оружје, и тие примероци не се контролирани на патот до лабораториите. Рускиот дипломат исто така нагласи дека е бесмислено Асадовата војска да користи хемиско оружје во моментот кога ја победува опозицијата во граѓанската војна во Сирија.
„Ако биде притеснет до ѕид, тој би можел да употреби хемиско оружје како последна надеж од безизлезната ситуација. Режимот засега не е притеснет до ѕид“, додаде Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче