Лавров: системот за ПВО на САД во Јордан - е нарушување на меѓународното право

Претходно беше соопштено дека стотици американски војници веќе се дислоцирани на северот на Јордан до границата со Сирија.

Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров, го нарече разместувањето на системот за ПВО во Јордан за создавање на зона на забранети лето во Сирија „нарушување на меѓународното право“. Ова го пренесува Интерфакс.

„Во западните медиуми протече информација дека сериозно се разгледува создавањето на зона за забранети летови во Сирија со разместување на комплекси на ПВО „Патриот“ и Ф-16 авиони во Јордан. Весниците пренесуваат дека тоа нема да биде нарушување на меѓународното право, бидејќи техниката е разместена не на сириска територија, и, како што може да се разбере, ќе соборува сириски авиони од територијата на Јордан. Не треба човек да е експерт за да разбере дека тоа е сепак нарушување на меѓународното право“, изјави Лавров.

Тој изрази надеж дека владата на САД ќе ги прави следните чекори тргнувајќи до заедничката руско-американска иницијатива за одржување на меѓународна конференција за Сирија.

Претходно беше соопштено дека стотици американски војници веќе се дислоцирани на северот на Јордан до границата со Сирија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.