Космонаутот Леонов ја откри „тајната за смртта на Гагарин“

Во официјалниот извештај пишува дека авионот на Гагарин извршил остар маневар, а потоа почнал да паѓа и се срушил на земјата.

Познатиот космонаут, првиот човек во историјата кој излегол во отворена вселена, Алексеј Леонов, изјави дека успеал да добие пристап до документите кои порано биле доверливи, а според кои причината за смртта на првиот космонаут се разликува од онаа која е официјално објавена. Во официјалниот извештај пишува дека авионот на Гагарин извршил остар маневар, а потоа почнал да паѓа и се срушил на земјата. Леонов тврди дека во несреќата учествувал уште еден авион.

Според таа нова верзија, која Леонов им ја соопшти на новинарите, несреќата е предизвикана од појавување на втор авион во областа на летот на Гагарин. Тој предизвикал превртување на авионот на Гагарин кога во режим на додатно согорување пролетал на само 10-15 метри од него. Висината била мала, па Гагарин не успеал да го исправи авионот.

Освен оваа верзија, постојат и други верзии: судир со сонда, експлозија на акумулаторот во авионот, па дури и напад од вонземјани.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња