Корисниците на руската социјална мрежа „Вконтакте“ ги менуваат имињата на песните поради антипиратскиот закон

Руските корисници на социјалната мрежа „Вконтакте“ најдоа итар начин за да си ги задржат своите аудио и видео материјали.

Итрите корисници на руската социјална мрежа „Вконтакте“ се решија да ги менуваат имињата на своите песни за да се отежне барањето и бришењето на материјалите кои потпаѓаат под дејството на антипиратскиот закон.

Во социјалната мрежа почнаа да се појавуваат списоци на песни и музичари со „коригирани“ имиња на песните.

Претходно е соопштено дека Думата го донела законот за борба со пиратеријата на Интернет.

Законот ќе го ограничи пристапот кон информативните ресурси преку кои се распространуваат аудиовизуелни материјали и фонограми со кои се нарушуваат интелектуалните права. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња