Новосибирската управа на ФСБ соопшти дека два житела во таа област стапиле во врска со тајни служби на западни земји со намера да им продадат воени тајни. Меѓутоа, контраразузнавачите успеале навреме да ги спречат во нивната намера.
Еден од нив е фатен на дело додека се обидувал од поштенско сандаче да земе пари за пренесена информација. Во ФСБ истакнуваат дека до тогаш тој не успеал да им предаде на странските служби било каков материјал кој претставува државна тајна. Меѓутоа, покасно еден од шпионите се подготвувал да продаде многу важни податоци кои се државна тајна.
„Фатениот шпион е поранешен работник во една од воените фабрики во тој град кој самостојно стапил во контакт со странска служба, од која побарал финансии за да им продаде материјал кој се однесува на модернизацијата на воената опрема“, изјави за ИТАР-ТАСС Ирина Зеброва, претставителка на Управата на ФСБ во Новосибирската област.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче