Владимир Путин во недела ќе замине на работна посета во Велика Британија

Според зборовите на Ушаков, Путин ќе преговара посебно со речиси сите земји на Г-8, вклучувајќи и со претседателот на САД, Барак Обама.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во недела ќе замине во работна посета во Велика Британија, каде во Лондон ќе преговара со премиерот Дејвид Камерон, а исто така ќе учествува на самитот на Г-8 во Лох-Ернх.

Како што известува дописникот на „Гласот на Русија“, ова го изјави во петокот помошникот на шефот на државата, Јуриј Ушаков.

На дневниот ред на преговорите на лидерите на Г-8 ќе биде ситуацијата во Сирија, проблемите во меѓународната економија, иранската нуклеарна програма и терористичките активности.

Според зборовите на Ушаков, Путин ќе преговара посебно со речиси сите земји на Г-8, вклучувајќи и со претседателот на САД, Барак Обама. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња