Путин: Западот не знае што сака да прави со Сирија

„Некои страни мислат дека во регионот може да завладее мир и ред доколку ја наметнат својата волја. Тоа не е така“, изјави Путин.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ја посети руската телевизиска компанија Russia Today и разговараше околу еден час со новинарите од тој телевизиски канал.

Претседателот одговори на неколку прашања кои ја интересираа јавноста во последниве неколку недели.

Сирискиот конфликт доби посебно внимание за време на интервјуто. Претседателот изјави дека западните партнери немаат конкретен план за Сирија, а Русија нема да го промени својот принципиелен став.

„Некои страни мислат дека во регионот може да завладее мир и ред доколку ја наметнат својата волја. Тоа не е така“, изјави Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.