Путин ги означи главните задачи на Г-20

Учесниците на Civil 20 Summit работат на формулирање препораки за самитот Г-20.

Основната задача на Г-20 и посебно на руското претседавање - е „да обезбеди висок економски раст, а со тоа и да се решат социјалните проблеми“, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот со претставниците на цивилниот сами на Г-20 кој се одржува во Москва.

Претседателот, исто така, вети дека на лидерите на Г-20 на самитот во септември ќе им ги пренесе заклучоците на Civil 20 Summit, истакнувајќи дека решенијата на Civil 20 можат да ѝ помогнат на Г-20 од друга перспектива да ги разгледа прашањата.

Учесниците на Civil 20 Summit работат на формулирање препораки за самитот Г-20, кој е планирано да се одржи во Санкт Петербург од 5 до 6 септември. Русија е првата држава-претседавач на Г-20 која зеде учество во официјалната програма на самитот на „цивилната дваесетка“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња