Пушков: податоците на САД за хемиското оружје во Сирија се измислени

Шефот на комитетот на Думата за надворешни работи, Алексеј Пушков, ги нарече „измислица“ информациите за користење на хемиско оружје од страна на властите на Сирија.

Шефот на комитетот на Думата за надворешни работи, Алексеј Пушков, ги нарече „измислица“ информациите за користење на хемиско оружје од страна на властите на Сирија.

„Податоците за употреба на хемиско оружје од страна на Асад се исти како и лагите за оружјето за масовно уништување на Садам Хусеин. Обама оди по патот на Џорџ Буш“, напиша Пушков во својот микроблог на Твитер.

Вчера советникот на претседателот на САД, Бен Родс, соопшти дека Белата куќа има информации за употреба на хемиско оружје „во мали количини“ од страна на сирискиот претседател Башар Асад. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.